Лондонската твид трка се оддржа на почетокот на мај со повеќе од 600 учесници. Станува збор за т.н враќање во времето на 30тите и 40тите години и стилот на Стара Британија со италијанските Veloce велосипеди и облеките од тој период со препознатливата твид шара. Трката била придружена од јazz бенд кој помогнал да се долови повеќе атмосферата од овие години, пауза со англиски чај и колачиња, како и избор за најдобри бркови. Погледнете.