Повеќето жени имаат потешкотии при нанесување на туш за очи кај овој тип на шминкање. Еден погрешен потег и повторно сте на почеток. Затоа погледнете ги овие чекори за лесно добивање на изгледот – мачкини очи.
- Нанесете сенка на очните капаци. Потоа, од средината на капакот повлечете линија кон надворешниот дел на окото. Застанете кај делот кој е малку пред крајот на окото, како што е покажано на сликата.
- Продолжете ја линијата од местото каде што застанавте и крајот нека се совпаѓа со линијата на крајот од веѓата.
- Спојте ги крајот од окото со крајот на линијата.
- Доцртајте ја линијата од центарот на капакот кон внатрешноста на окото. Направете ја потенка како што се приближувате кон внатрешната страна.
- Пополнете го внатрешниот дел кој го нацртавте.
- Крај! Лесно и без грешка.
Секако дека може да експериментирате со дебелината на линијата и бојата на тушот. А на Вас останува дали ќе нацртате линија и на долната страна на окото.