Уживачите во проверени и реномирани наслови кои го заслужиле своето место во историјата неприкосновено ќе се согласат со следнава констатација: мирисот на старите книги е апсолутно незаменлив! Во насока да го откриеме потеклото на уживањето на нашиот рецептор за мирис предизвикано од нашите омилени книги, презентираме едно видео кое го дава одговорот…
Уникатната арома која доаѓа пропратно со созревањето, односно стареењето на книгите е предизвикана од органскиот материјал на книгите кој реагира на топлина, влага, светлина; како и на хемикалиите кои се користат при производство на истите, имено искусени преку раѓањето на книгите. Проследете го истражувањето на хемичарите од Универзитетот во Лондон.