Дизајнираните нокти се голем тренд, па ви претставуваме една едноставна техника како вашите нокти да имаат карирана шара без цртањето со разни бои лакови и нервозите за несовршените линии доколку тоа го правите сами. Потребна ви е само лентичка селотејп врз која ќе нанесете лак во боите кои ги посакувате, ножички да ги исечете во дебелината по ваша желба, трпеливо да ги залепите на ноктите и на крајот да финиширате со безбоен лак.