Сите фанови на Алфа Ромео знаат дека легендарниот автомобил минатата година го прослави својот 100-ти роденден. По овој повод беше создадена уметничка колекција на прекрасни слики наречена “Крстот и змијата“. Колекцијата се сосотои од 7 слики кои се достапни за купување во ограничени количини – по 30 парчиња од секоја.
Авторот на оваа збирка Feredrico B. Alliney – познат творец на сценаријата на “Светот на Пандора“ во филмот “Аватар“ за оваа збирка вели:“Моите слики се создадени како да се видени низ очите на случаен сведок. За оваа цел користев сликовита техника која ја рзвив работејќи како филмски дизајнер, сликање со слоевита светлина и сенки кои се вкрстуваат едни со други. Резултатот е шивописна слика на која се запазени и најситните детали.”
Disco Idro
100
Dorian Red
Indomabile
La bella e la bestia
Route 66
Una serata a casa