Малото погранично село Romainmôtier, кое практично претставува мост помеѓу Франција и Швајцарија, покрај тоа што е познат по скромноста на своето население, живописната архитектура чија импресионираност е задржана уште од Римската Империја, од неодамна важи за редок репрезент на адекватно и неконвенционално празнување на книгите.
Станува збор за уметнички изработен Тунел од книги, кој е лоциран во локалната романска црква – тунел кој ги следи линиите на изработениот витраж, полусводовите и тркалезното обележје; доведени во живот од вештите раце на швајцарскиот уметник Жан Рејмонд. Чекор по чекор, наслов по наслов = уникартно ремек дело создадено за потребите на Саемот на книгата, кој одекнува со надреална архитектунска импресија на уникатен пејсаж, без да загуби на естетска привлечност. Најбитно од се, употребата на суспендирани книги е возобновена во еден нов живот.