Минатиот Петок, за време на викендот на дизајнери кој се одржа во Вилниус, Литванија, фотографот Tadas Černiauskas ја направи една од најлудите фотосесии што некогаш сте ги виделе. Посетителите на студиото TADAO CERN беа поканети да учествуваат во една откачена фото сесија наречена “Раздувување“, каде што силен ветер беше вперен во нивните лица, создавајќи неверојатно смешни гримаси.
“Идејата беше да направам нешто смешно за мене и за посетителите. Нешто на кое сите ќе се смеат и забавуваат. Бев изненаден од тоа колку луѓето се опуштени и не се плашат да видат колку смешни ќе излезат на фотографијата. Студиото беше преполно во текот на целото време, а во салата се слушаше смеење до солзи, на самите себе и на другите.Сите кои се осмелија да застанат пред мојот објектив таа вечер ќе имаат уникатна слика во своите албуми на која ќе се насмеат од срце, секогаш кога ќе ја видат“ – вели фотографот.