„Постојат два начини да се биде среќен: да ја подобрите Вашата реалност или да ги намалите очекувањата“ – вели авторката Џоди Пико, чија животна филозофија концентрирана во семејните врски и истражувањето на нивната комплицираност ќе остане запаметена како во светот на литературата, така во нејзината примена во реалниот свет. Но, што кога очекувањата се надградени со исполнување на нешто уште поубаво и посовршено отколку што сте можеле да замислите? Оваа фотографија, како показател на најголемиот Божји благослов, е адекватен опонент на горенаведеното… ова е Вашата реалност, подобра од Вашите очекувања. Патот до остварувањето е најубавиот подарок што може да ни биде наменет.