Дизајн тимот на Dripta Desing Studio настапува со идеја која всушност, е обелоденување на Вашите размислувања, искази и мисли; а е практично позајмена од стрип публикациите, чија асоцијација успешно се инкорпорира во минималистички стил на уредување во Вашиот дом – отелотворена под името „Полици за сонувачи“.
Оваа полица, која се одликува со драстична различност од било која друга, со превземена идеја од светот на стриповите, не постои во насока да ги дистинкцира насловите кои ја красат Вашата библиотека по автор, жарн, тема; туку служи во својство да го покаже Вашиот избор, да го искаже Вашиот став и да ја докаже Вашата преференција. Читајте и сонувајте, тоа е нивното мото.