Директно од срцето на вжештената атмосфера, брканицата по совршен изглед, соодветна локација и музика, отелотворување на гламурот кој во суштина означува прво елегантно случување во животот; неминовно е обележувањето на четирите години врзно ткиво во училишните клупи.
Сумарум на средношколските денови, кој гимназијалците од IV-11, од Гостивар, на апсолутно неконвенционален и несекојдневен начин го остваруваат: нивната одлука алманахот да го концепираат на своите маани (поради кои се осудени) и нивните доблести (поради кои се помилувани), преку метафора на затворски амбиент и затвореничка униформа, ги обединува 28те соучени(с)ници со еднаква вина.
Ве оставаме да уживате во интересната галерија и да се согласите за уникатноста на идејата. Секоја пофалба!