Волшебно дрво на среќата – рачно изработена полица за книги од страна на дизајн студиото на шумските гномови и самовили: засадено во детска соба, плени со насмевка која едноставно ги воодушевува децата (но и припадниците на сите генерации), согласно изгледот и уникатноста на ова прекрасно парче мебел.
Шармот на оваа интересна и несекојдневна полица во форма на шумско дрво заедно со своите сепаратори во облик на шумски животни, доаѓа од неверојатната креативност на Graphic Spaces family, од 100% одржливо цврсто дрво (натур и цреша). Безбедна за транспорт, одлично конструирана и брендирана под името Херби, оваа полица чини „скромни“ 70 фунти, за Британија; и 1500 долари,за САД; но во пакет со уште 4 дополнителни животинчиња. Поради вредноста на рачната изработка, нарачките доживуваат реализација по 4-6 недели. Но, верувајте ни… за ова слатко парче вреди да се чека (и плати)!
Во спротивно, оставаме на Вашата креативност и умешност при управување со дрво – конструкцијата и не делува премногу комплицирано за домашна изработка :)