Колку ли нерви и трпение треба да се направи портрет, пејзаж или да се нацрта животинче врз пена од кафе? Некои луѓе тоа го прават многу лесно и вешто, користејќи ја белата пена со боја на млеко и онаа кафена која се добива од кафето. И така се создава мало чудо во вашата шолја, толку прекрасно, што ќе ви треба долго време пред да ја испиете првата голтка, а уметничкото дело ќе го снема.