Simone Decker е уметник од Луксембург чија специјалност е уличната уметност, како и поставувањето на апстрактни инсталации во простор. Фотографиите кои ќе ги видите во прилог се дел од проектот “Гуми за џвакање во Венеција“. Тој поставува џиновски изџвакани гуми насекаде низ Венеција и со тоа ги збунува минувачите. Некои парчиња се изџвакани и залепени по улиците, некои се развлечени како мост преку водата, а трети се во форма на балонче кое краси некој плочник. Интересна идеја.