Diane von Furstenberg за презентација на колекцијата за оваа сезона ја ангажира внуката на познатата режисерка Софија Копола, Џиа Копола за ова 4минутно филмче наречено “Писателски блок”.
Се работи за млада, талентирана писателка, облечена во најновата колекција на дизајнерката, која успева да го надмине креативниот, пишувачки блок и пробува да го освои Холивуд. Како гостин се појавува и познатиот актер Ray Liotta.