Телевизиската легенда Dick Clark ја продава својата единствена, оригинална, брилијантна камена куќа која се наоѓа во Малибу за $3.500.000. Веднаш забележавте за што станува збор; тоа е познатата куќа на семејството Флинстоун. Куќата изгледа како да е изградена од една, единствена камена структура и е оригинална копија на домот на Фред и Вилма од цртаните филмови.
Оваа реална верзија на куќата на Каменковци има една спална, две купатила, камин и неколку огромни прозорски стакла, кои дозволуваат уживање во зајдисонцето, градот, долината Среано,планините Бони, ккао и Каналските острови и Тихиот океан. Целиот имот се протега на површина од 22 хектари. Се надеваме само дека наместо познатото прасе кое на Флинстонови им служеше како одвод, има вистински цевки. :D