Свилените марами се главен тренд за сезоната пролет / лето 2020 година.
Омилениот детаљ во стилот на Одри Хепберн и Брижит Бардо, оваа сезона не е само моден додаток, туку и корисен елемент на било која облека во периодот на самоизолација.
Затоа, смело покријте ја косата со марама за да не ви паѓа косата на очите и така одете во продавница за најпотребните производи додека сте во карантин.
Додека сте дома, можете да врзете свилен шал околу вратот и да ги изненадите колегите во видео Зум разговорот.
Алтернатива за носење свилена марама покажаа Гучи, Долче и Габана, како и Ердем и Марк Џејкобс.
Брендовите се потпираа на комбинација, марами и шапки со широки ободи.
Оваа елегантна техника не само што ќе ја исполни функцијата на бариера од бактерии, туку и ќе ја заштити главата од силното сонце кога конечно станува потопло. Сè што ви треба за модерен стајлинг е вашата омилена шапка и спектакуларна марама.