Лудвиг ван Бетовен уште од 1824 година ја собирал сета своја моќ за да ја заврши Десеттата симфонија, но успеал да ги остави само основните поставки. За тоа беа потребни два века, за да ова хипотетички грандиозно дело, конечно биде спремно за изведба.
Премиерата е закажана во родното место на славниот композитор Бон, на 250-годишнината од неговото раѓање. Поради пандемијата на корона вирусот, германскиот оркестар „Бетовен“ го одложи својот прв настап од април во ноември, како што најави Дојче Телеком, кој е иницијатор на проектот, а што е поблиску до датумот на раѓањето на Бетовен.
Уште во 1988 година, британскиот музиколог и композитор Бери Купер успеа да пронајде и собере фрагменти од Десеттата симфонија од белешките на Бетовен. Потоа, меѓународен тим на музикологот и пијанист Роберт Левин од 2019 година се обидоа да ја довршат. На помош се повикани и компјутерски експерти, така да може да се каже дека последното дело на германскиот генијалец е завршено со помош на вештачка интелигенција. Бетовен успеа да ги напише само основните елементи, бидејќи бил исцрпен од работата на претходната, познатата Деветта симфонија. Конечната верзија трае 25 минути.