Во потрага сме по идеи кои ќе ни помогнат лесно да ги украсиме велигденските јајца што ќе сјаат на нашата празнична маса.
Сепак, со оглед на вишокот на време што одеднаш ни се наметна, оваа година да бидеме малку покреативни! Не ги забораваме старите начини на фарбање велигденски јајца, како што се вапцање со различни билки, овошје и зеленчук. Не ги заборавивме и оние, кои од здравствени или етички причини не консумираат јајца, но сепак сакаат да учествуваат во декорацијата и поставувањето на празничната маса.
Ви претставуваме пет идеи кои ќе ве инспирираат за малку посебна декорација и вклучуваат варијанта каде не е неопходно да се користат пилешки јајца. Уживајте во украсувањето и да создадете вистински мал рај за Велигден во кој ќе ужива целото семејство!