Во последните неколку години, розовите ентериери се почесто ги среќаваме во угостителски објекти како ресторани, кафулиња и хотели.
Сепак, опсесијата со розовата боја се чини дека се префрлила и во дизајнот на просторите во кои живееме секој ден – во домовите. Доказ за тоа е дефинитивно најновиот проект на познатото тајванско студио за дизајн на ентериер – КЦ Студио, кое дизајнираше викендичка во Тајван, која се наоѓа веднаш покрај морето. Самото име на проектот „Pink house“ открива дека станува збор за декорација која се карактеризира со розова боја која ја има скоро во секоја просторија на трите спрата! Розовата минерална боја е основа за сите ѕидови и тавани во куќата, а мермерните површини и геометриските елементи од челик и розово злато им даваат на собите посебен, елегантен стил кој е надополнет со разни розови предмети и материјали во својата природна боја, така што се игра со нијанси на розовата боја низ целиот простор.