Дуа Липа, девојката која е многу успешна за своите дваесет и четири години од животот, која има повеќе од четириесет милиони обожаватели кои ја следат на Инстаграм, привлекува внимание не само со музиката, туку и со добриот вкус за мода.
Нејзиното лице се најде на насловната страна на австралискиот Вог, што не го крие нејзиниот ентузијазам за нова светска поп икона.
Дуа Липа заблеска на насловната страна во екстравагантно издание позирајќи во избрани парчиња (стајлинг на Лилијан Дејвисон) од креативната лабораторија на Валентино котур, пред фотоапаратот на модниот фотограф Чарлс Денингтон.