Географска мапата на цел свет најчесто е синоним за часови по географија, но веќе некое време е и интересен детал во ентериерите.
Освен што е интересно решение за украсување празен ѕид во вашиот дом, може да послужи и како корисно потсетување за сите дестинации што сте ги посетиле, како и за оние што допрва треба да ги посетите. Покрај класичните, денес има различни мапи на светот или градовите што се создадени токму за украсување во домовите.