Многу бргу по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, Германија ги затвори сите хотели, освен еден – во него се сместени тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн (67) неколку сопруги и слуги. На истакнатиот гостин и неговата придружба им беше дадена специјална дозвола да останат во хотелот Гранд Зоненбил на Алпите, каде се најдоа кога се затворија државните граници. – Тие се единствена, хомогена група на луѓе кои не се движат никаде – објасни портпарол на локалните власти во познатиот ски-центар во Гармиш-Партенкирхен, каде се наоѓа хотелот.
Седумдесет и седумгодишниот крал на Тајланд ја сака Баварија и честопати поминува многу време во оваа германска провинција во текот на годината. Тој е сопственик на вила на езерото Старберг. Кралот не ја напуштил својата земја заради ширењето на коронавирусот, но решил да не се врати за некое време. Ова, според коментарите на социјалните медиуми, не им одговара на жителите на Тајланд кои живеат во странство. А она што мислат во нивната матична земја, може да се шпекулира само затоа што во Тајланд е нелегално да се зборува лошо за владетелот.