Миланo е еден од оние европски градови во кој може да се најдат многу убави, дизајнирани ресторани и кафулиња, и не престанува да нè воодушевува со иновациите во нив. Милано има се повеќе и повеќе што да им понуди на своите посетители!
Овој пат пронајдовме навистина посебен, гламурозно украсен ресторан во индустриски стил кој нема да остави никого рамнодушен, особено љубителите на дизајнот на ентериер. Сместено во некогашна, стара пиљара, во срцето на Милано, ресторанот целосно го сочувал индустрискиот карактер на зградата, додека ѕидовите од тули и конструкцијата од бетон остануваат непроменети и се целосно изложени во самиот простор. Индустрискиот декор може да се пофали со луксузни висечки лустери и декор со потписи од реномирани дизајнери како што се Џаспер Морисон, Рон Арад и Рос Ловгроув, и драматична светлина која фрла сенки на површините на маса, создавајќи волшебна, интимна атмосфера што ќе ја направи вашата вечера незаборавна.
Ресторанот го отворил реномираниот италијански готвач Карло Круко, кој во јавноста е познат по своите сензационални италијански јадења, за кои повеќе пати му беше доделена престижната Мишелин ѕвездичка. Ресторанот има и престожно име како Carlo e Camilla in Segheria.
Ресторанската кујна во основа се заснова на реинтеграција на врвен квалитет, традиционални италијански рецепти, а менито се менува на секои 45 дена!