Најчеста работа која ја правиме кога сме под стрес е посегнување по нашите омилени слатки за што побрзо да добиеме позитивна енергија, но ова во никој случај не е паметен избор за нашата линија.
Преголемото консумирање на слатки може да има штетни влијанија врз нашето здравје, затоа тие треба да се заменат со поздрава храна.
Ова се 3 намирници кои го подобруваат расположението, а нема да влијаат негативно на нашето здравје или на нашата линија.
Боровинки
Боровинките се полни со здравствени придобивки. Тие се богати со антиоксиданти и го прочистуваат нашето тело од токсини, а исто така се богати со флавоноиди кои помагаат за подобрување на нашето расположение.
Лосос
Лососот го штити здравјето на нашето срце благодарение на омега 3 масните киселини. Многу студии откриле дека луѓе кои јадат многу риба имаат најмал ризик од депресија, а ако сакате да го ослободите стресот на здрав начин, јадете риба барем двапати неделно.
Црно чоколадо
Чоколадото со висока содржина на какао е одговорно за зголемено лачење на хормонот на среќа, затоа што е богато со флавоноиди кои позитивно влијаат на подобрување на нашето расположение. Имајте на ум дека црното чоколадо е калорично, затоа задржете се на еден ред, дневно.