Млекото од овес го привлече светското внимание, при што една истражувачка фирма известува дека продажбата на тој пијалок се зголемила за 71 процент меѓу 2017 и 2018 година. Млекото од овес, овесот и овесната каша се користат за нега на телото со децении. Употребата на овесот и неговиот екстракт за прв пат станаа популарни како козметичка состојка во текот на 1930-тите, кога нивната моќ за олеснување на чешањето и заштита на кожата стана на широко позната.
Овесот е средство кое го намалува воспалението, нежно ја чисти и ја навлажнува кожата, благодарение на неговите феноли, сапонини и бета-глукани. Луѓето со сува или чувствителна кожа најмногу имаат корист од овесот, како оние со воспалителни состојби на кожата како што се егзема и псоријаза.
Понатаму, овесот е совршено решение за омекнување на груба кожа предизвикана од студеното време и централно греење, а е сè почеста состојка кај млеката и мелеми за чистење на лицето кои ја растворуваат шминката и кожата ја прават мека.
Ако сето ова не е доволно за вас, добро е да знаете дека овесните производи имаат многу здравствени придобивки, затоа ако не сте подготвени да додавате нови производи во вашата рутина за нега на кожата, вклучете го овесот во вашата диета што е можно поскоро.