i-D Magazine го слави својот 40-ти роденден. По тој повод музичката суперѕвезда Ријана се најде на насловната на ова специјално издание, соодветно наречено „Rihannazine“.
Списанието е со црно-бела насловна страница од Ријана облечена во Fenty, пред камерата на реномираниот моден фотограф Марио Соренти. За стајлингот е одговорен Аластер МекКим, додека за многу интересна фризура се грижи Јусуф Вилијамс.
“За мене, ова специјално издание на iD Magazine претставува промена и култура. Тоа е посветено на луѓе кои прогресивно го менуваат општеството преку модата, уметноста и активизмот додека создаваат поразновидна иднина”, изјави Ријана.