Стоковната куќа Галерија е нова монолитна камена и стаклена градба, неодамна завршена во областа Гвангиго во Јужна Кореја.
Оваа неверојатна зграда е шеста и најголема гранка на малопродажната модна франшиза во сопственост на Hanwha и е дизајнирана од архитектонската фирма Рема Кулахас, ОМА, во партнерство со локалната корејска архитектонска фирма Гансам.
На прв поглед, веднаш може да се забележи неверојатната, мозаична надворешна камена структура на зградата со испакнати низи од геометриско стакло.
Тие кои ќе влезат во зградата, ќе прошетаат низ камени патеки кои ќе ги одведат до „public loop“ која нуди скриени видици на градот, а на покривот се наоѓа градина за клиентите да се релаксираат и уживаат.