Ненадејните промени во временските услови се добри за развој на вируси, па затоа е важно навреме да го зајакнете вашиот имунитет за да станете што е можно поотпорни на вируси и бактерии.
Храната богата со витамини и минерали кои имаат корисен ефект врз нашиот имунолошки систем можат да ни помогнат во тоа, а природните продукти се најдобро средство за спречување на настинка и грип.
3 рецепти за зајакнување на имунитетот …
Мед и лук
Измешајте една лажица мед со една лажица сецкан лук. Земете по една лажица од овој лек со топла вода секој ден пред спиење.
Малина и рибизли
Во 100 мл врела вода ставете една лажица мед, една лажица малини, една лажица црна рибизла. Оставете да отстои 15 минути. Консумирајте половина чаша од пијалокот три пати на ден пред јадење.
Урми и млеко
Прелијте четири до пет свежи урми со една чаша млеко. Гответе на тивок оган пет до десет минути. Испијте чаша од овој топол пијалок пред спиење.