Веќе неколку сезони, костумите станаа задолжителни парчиња во женската гардероба. Изборот е голем. Постојат монохроматски или шарени, изработени од твид, свила или полиестер, а од сезона во сезона добиваат ново интересно лице.
Обичните и малку досадни форми на костуми што ги зедовме од машката гардероба добија трендовски и женски карактеристики во светли или пастелни бои, како и во моделите со каро дезен кои се најпопуларни.
Жените владеат со светот, а како доказ се и комбинациите на црвениот тепих. Тоа покажува дека костумите не се резервирани само за работа, тие се одличен избор за свечености, како и за обични комбинации кои можеме да ги носиме секој ден.