Медицинските маски наменети за заштита од вирусот корона веднаш се здобија со моден статус.
Познатите личности и тренсетерите докажуваат дека модата може хармонично да се прилагоди на околностите.
Додека светот се обидува да развие вакцина против кинескиот корона вирус, активисти и модните блогери помагаат во одржувањето на оптимистичките чувства во општеството. Многу од нив се појавија по улиците на француската престолнина во дизајнерски медицински маски, претворајќи ги во клучен дел од стајлингот деновиве.
Оние кои ги следат трендовите и се грижат за здравјето, решија да ја ублажат ситуацијата и се појавија со маски кои имаат „Шанел“, „Фенди“ и други добро познати логоа на брендови.
Некои, решија да не се обложуваат на маските на добро познати брендови и претпочитаат едноставни во црна боја.