Мајкл Корс ја лансираше ексклузивната капсула колекција со филмската франшиза 007, што ќе биде во согласност со 25-годишнината од филмовите за Џејмс Бонд и објавувањето на новиот филм -“No Time to Die”.
Колекцијата се состои од три модели кои ќе бидат достапни во продавниците на Мајкл Корс ширум светот и на официјалната веб страница michaelkors.com, почнувајќи од крајот на март.
Еден од главните модели на колекцијата – Банкрофт – може да се види за време на филмот “No Time to Die”. Торбата во филмот ја носи Ив Манипени, а ја игра Наоми Харис.