По оваа торба на сезоната од најлон, лудуваат сите трендсетерки!
Последниве месеци на улиците по модните престолнини, имаме можност да видиме еден модел на торба која ја носат најпознатите девојки. Како и обично, затрендот во самиот почеток најзаслужни се познатите манекенки како Kendall Jenner и Bellа Hadid.
Тоа е модел на Prada кој прв пат се појави на сцената во 2000 година, а станува збор за мини торба со специфична златна плочка на која е испишано името на брендот.