Колекција есен/зима 2020
Во модната колекција на Boss, сè беше во знак на иднината, односно старата Boss естетика претставена на нов, модерен начин.
Целата колекција е богата со кафено-црвени нијанси во контраст со привлечната пастелна виолетова која се наоѓа дури и на додатоците како што се торбите.
Во фокусот, се разбира, се елегантните сакоа со широки кроеви, претставени во комбинација со лесни здолништа, додека од друга страна, главниот збор го имаат кожните панталони и удобните џемпери.
Дури и класичниот Boss не им одолеа на ресите, па ги вметна на торби, шалови и долги елеци.