КОЛЕКЦИЈА ЕСЕН 2020
Придржувајќи се кон минимализмот koj толку многу го сака, Пол Ендру, креативниот директор на модната куќа Салваторе Ферагамо, си поигра со концептот на седум архетипови на жени за да внесе нов израз на женственост, слобода и индивидуализам во колекцијата.
Секоја жена може да се идентификува со нив затоа што носи комбинација од сите седум: ловец, мајка, кралица, љубовница, мудра жена, мистична и девица.
Фокусот на колекцијата е кожа, тој безвременски материјал кој на секоја жена и дава моќен изглед, без разлика дали носи капут, балонер или комбинезон. Покрај кожните парчиња, колекцијата нуди и парчиња како фармерки, комбинезони и здолништа во комбинација со лесни блузи, мотиви со зелени лисја.
За вечерни излегувања и специјални прилики, идеален ќе биде фустанот со метализирани реси кој се движи во ритамот на движење на телото.