Missoni со новата “ready to wear” колекција, апсолутно воодушеви, бидејќи секое парче буквално е создадено за есенските и зимските денови.
Лајтмотивот на колекцијата е геометрија, односно геометриски обрасци кои „играат“ на сите видови плетива – од преголеми кардигани до панталони со рамен крој кои паѓаат елегантно низ нозете.
Што се однесува до колоритот, тој останува во неутралните води, но повторно е доволно интересен заради пробивот на виолетовата, сина или црвена нијанса кои му даваат енергија.