Модната куќа Версаче, предводена од Донателa Версаче ја претстави колекцијата за есен / зима 2020.
Фокусот на колекцијата се пуловери со V-изрез и логото на брендот што креативната директорка предлага да се носат со големи бели кошули и кратки кожни здолништа.
Таа не бега од спојување на различни обрасци, како што можеме да видиме во нејзините комбинации во кои главниот збор го води карото на капутите, животинскиот принт на здолништата и торбите, каки и цветните мотиви на блузите.
Неспоиво во теорија, станува одлично споиво во пракса. Се разбира, исто така, има монохроматски изгледи кои не ги засенуваат боите толку лесно. Кожната јакна и сатенското здолниште тука се фантастично комбинирани.