Бајка за Братислава?! „Не е потребна затоа што самиот град е бајка“, кажал еднаш Ханс Кристијан Андерсен, а како благодарност добил своја статуа на улиците на овој град.
Дооживејте ја и вие бајката, посетете ја Братислава!
Братислава, убавицата на Дунав, главен град на Словачка, град на релаксирачка атмосфера и пријателски домаќини, многу прекрасни шеталишта и живописен стар центар, некогаш крунисан град на кралевите, деновиве е хедонистичка дестинација на одлична гастрономска понуда, место за забава и собирање на млади луѓе од целиот свет.
До неодамна, во сенка на Виена, Прага и Будимпешта, денес е своја, самосвесна метропола која ќе го задоволи дури и најпребирливиот посетител по својата елеганција и едноставност.
Братислава и околината нудат многу за да поминат неколку пријатни денови.