ТОКИО – Пред една година, Јуми Ишикава се вратила дома од својата работа во компанија за погребни услуги, со болки и крвави стопала и веднаш ја објавила( tweeted) својата порака преку социјалните мрежи до светот.

„Сакам да се престане со оваа култура, жените да мораат на работа да носат високи или пониски потпетици“, напишала поранешната манекенка. „Зошто треба да работиме со повредени стапала додека мажите носат рамни чевли?

Од тој твит, се роди движењето наречено #KuToo како движењето #MeToo, фразата асоцира на јапонскиот збор кутсу, што значи чевли и кутсу, што значи болка.

Тоа предизвика повратна реакција на социјалните медиуми од мажите и од жените, како и навреди и злоставувања на Ишикава, но исто така и петиција потпишана од скоро 32.000 лица која ја доведе во прашање јапонската култура во сообразност со општествените очекувања и длабоко вметнатата родова дискриминација.

Селектиран како еден од 10-те највпечатливи зборови во Јапонија во 2019 година, #KuToo можеби не го смени начинот на кој се бара од многу јапонски жени да се облекуваат на работа, но тоа им овозможи нов глас.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖенскиот квартет The Frajle настапуваат во Битола
Следна објаваМодна недела во Лондон: Simone Rocha – есенска колекција 2020!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР