Погледнете неколку фотографии од прекрасниот дом на Томи Хилфигер.
Познатиот моден дизајнер Томи Хилфигер сака да ја продаде својата прекрасна вила во Мајами, па фотографиите од ентериерот излегоа во јавноста.
Американскиот креатор дефинитивно нашол инспирација во украсувањето на својот дом во Мајами во делата на поп-артот. Експлозијата на бои и сосема различни стилови на украсување во секоја просторија ја прават оваа вила апсолутно уникатна.
Прекрасната вила има седум луксузни спални соби и осум купатила. Она што е најинтересно е дека сите спални соби се украсени поинаку, но тие имаат едно заедничко нешто – експлозија на живописни бои и неверојатна елеганција. Куќата, се разбира, има голема кујна, луксузна дневна соба, кино, лифт, теретана, пространи ходници, а сите простории се одликуваат со необични детали.