Вирџини Вијар, која ја презеде функцијата креативен директор на Шанел по смртта на Карл Лагерфелд, по неколкумесечна работа докажа дека може да создаде впечатливи работи како нејзиниот ментор.
Прво, трендсетерките се заљубија во црвениот џемпер на Шанел кој стана sвезда на стилот, минатата есен, а оваа година полу-чизмите во две бои ги освоија срцата на девојките.
Вирџини Вијар го демонстрираше овој пар на полу чизми во својата прва независна колекција, Шанел Ресорт 2020, комбинирајќи ја елеганцијата на француската куќа и практичноста, без кои тешко се остварува наклоноста на модерните жени. Умерена потпетица, отсуство на непотребни детали и контрасната комбинација на црно-бели нијанси, направи овие чизми да станат омилен пар на Парижанките и другите жени.