Белата боја ја одразува елеганцијата и ги раздразнува убавите свежи вибрации кои ве прават да изгледате елегантно, гламурозно, софистицирано и секогаш трендовски.
Ако се појавиме во бело од глава до пети, сигурно нема да поминеме незабележано. Да ги замениме нашите сиви и црни палта со светла бела боја која е привлечна и впечатлива.
Порано беше тивко правило дека белата не се носи во зима, бидејќи понудата во таа боја исто така беше скромна. Но, веќе денес, тоа не е исто.
Белата може да се носи во текот на денот во разни прилики или навечер, со повеќе гламур во кројот. Исто така, белата има свои нијанси, како што можеме да видиме на улица во различни нијанси на крем, слонова коска или снежно бела. Ако не сте доволно храбри за тотален изглед во бела боја, треба да си дозволите раквици, шал или здолниште во оваа свежа, чиста боја. Храбрите дами, сепак, можат да се одлучат за бели чевли или чизми.
Погледнете ја нашата галерија со избор на облека што ве прави да се чувствувате како снежен ангел или ледена кралица во бела зимска гардероба.