92-то доделување на наградите Оскар се одржа синоќа во Холивуд, наградувајќи многу актери со златна статуетка. Но, ние воедно ги пратевме и фустаните во кои продефилираа sвездите.
Оскарите се познати како најгламурозна церемонија на доделување награди каде сите посетители одат еден чекор подалеку, изгледаат свечено, убаво, но и забележливо.
Покрај фустанот, акцентот на модните критичари е секогаш на луксузниот дијамантски накит кој може да го воздигне или целосно да го уништи впечатокот на Оскраовскиот изглед.
Целиот холивудски крем прошета по долгиот црвен килим и позираше на многу фотографи, а во нашата галерија ви ги прикажуваме најдобро облечените дами.