Еден од најомилените дизајнери на славните Olivier Rousteing, одамна започна да се здружува со познати личности од светот на модата, филмот и музиката.
Сите во модата знаат за #balmaingang предводени од сестрите Кардашијан и Џенер. Оливие можеби бил првиот дизајнер кој го препознал и искористил целиот тој buzz околу најпознатото ријалити семејство.
Тој е исто така некој, кој беше меѓу првите што на ревиите секогаш во прв план ги истакнуваше топ моделите и жените со облини.
Затоа не е изненадување што тој ја избра британската манекенка, Кара Делавињ како промо лице за најновата кампања на „Balmain“ да го придружува лансирањето на трите модели на француската куќа: Romeo, Twist и BBag.