Милијардерот Les Wexner, сопственик на „Victoria’s Secret“ наводно е во разговори за продажба на познатиот бренд за долна облека.
Неговата компанија L Brands во средата забележа раст на акциите од 12%, откако се појави приказна во која се тврди дека 82-годишниот бизнисмен планира да го продаде брендот Викторијас Сикрет или да се повлече од функцијата извршен директор.
.Wall Street Journal објави дека Wexner кој е под жесток надзор заради блиската врска со срамниот финансиер Jeffrey Epstein, е во преговори да се повлече од функцијата извршен директор на својата малопродажна империја и ги истражува стратешките алтернативи за брендот.
Понатаму, во извештајот се вели дека компанијата бара договор и потенцијален наследник во наредните недели, а оваа вест доаѓа само неколку месеци по заминувањето на главниот извршен директор на Victoria’s Secret, кој се пензионираше во септември 2019 година.
Проблемите на Victoria’s Secret започнаа со неуспешниот обид на брендот да се вклопи во модерното време славејќи ја инклузивноста и различноста на телото.