Оваа пролет, многу девојки за прв пат ќе носат високи потпетици, бидејќи ги очекува матурската вечер како едно од најзначајните случувања во нивните животи.
Младите дами, таа вечер сакаат да изгледаат гламурозно и женствено, но потрагата по совршен фустан понекогаш трае долго време, а сепак наједноставните решенија честопати се најдобри. Со месеци ги мачат прашањата и дилемите каков фустан треба да одберат? Макси или мини? Сјаен или мат? Црн или во боја?
Без разлика дали имате 14 или 18 години, славите полуматура или матура, избегнувајте озбилни стајлинзи и балски фустани.
Покажете ја својата младост во модерна и трендовска комбинација.
Побарајте инспирација во нашата галерија со фотографии, можеби ова е местото каде ве чека вашиот фустан од соништата.