Годишната колекција Chanel Metiers d’art беше прикажана во Париз на 4 декември.
Ова беше осумнаесетта колекција за легендарната модна куќа, дизајнирана од Вирџини Виар, наследничка на Лагерфелд. Таа, Гранд Пале го претвори во импровизиран стан на Коко Шанел за една ноќ. Покрај импресивната облека, моделите прикажаа неверојатни модни додатоци кои најдобро ја претставуваат макотрпната уметност на малите атељеа и златните раце на мајсторот на куќата Шанел.
Во колекцијата беа претставени привезоци во облик на шишенца за парфеми, торби кои личеле на златни кафези на птици, додека брошеви и цвеќиња покривале кожни торби. Златните чевли со контрастни врвови и кокетни машни на ремените беа посебен детаљ за убавиот стајлинг.