Фантастичните часовничари на брендот Audemars Piguet успеаја да се надминат, уште еднаш…
Тие скоро претставија еден од најневеројатните часовници што сме ги виделе во последно време – Haute Joaillerie Sapphire Orbe – неверојатен модел кој границите на луксузната хорологија ги пренесе на едно сосема ново ниво.
Наречен по реката Le Brasus која го пресекува малото швајцарско село кое е дом на производството на Audemars Piguet, овој часовник делува како река на сјајни дијаманти и сафири, комбинирајќи ги сините и портокалови тонови, создавајќи совршен премин од ден во ноќ. Неговиот интересен дизајн, кој нè фасцинира со својата боја и светлина, нуди сосема поинаков изглед во зависност од аголот на гледање.