Billie Eilish е најмладиот издедувач на песните во филмовите за James Bond …
Имено, пејачката ќе ја изведе насловната песна на најновиот филм за James Bond “No Time to Die”.
Филмската франшиза вчера твитна на својот профил на Twitter дека Eilish ја напишала песната со нејзиниот брат Finnes O’Connell и дека Billie, која неодамна наполни 18 години, е исто така и најмладата уметничка што некогаш напишала и снимила песна за James Bond.
Претстојниот филм “No Time to Die” е дваесет и петти на познатата шпионска франшиза и е исто така последен во изведба на актерот Daniel Craig.
Премиерата на филмот е предвидена на 2 април 2020 година.