Во време кога целиот свет се опоравува од веста дека милиони животни настрадаа во пожарите во Австралија, одморот во дивината може да биде еден вид утеха.
Anantara Golden Triangle Elephant & Resort во Тајланд, создаде совршен пакет за оваа намена и е уникатно и досега невидено искуство. Овој имот им дава можност на своите гости да ја поминат ноќта гледајќи ги слоновите во нивната природна средина.
Гостите ќе бидат безбедни во проsирните Jungle Bubbles, каде ќе кампуваат и ќе ги набљудуваат слоновите кои си ја гледаат својата работа.
Секако гледањето на чистото sвездено небо додека спие целиот свет, ќе биде идеален бонус.
Овој имот се наоѓа на 160 хектари древна џунгла во северниот дел на земјата, на височина, што им дава можност да набудуваат две речни теченија – Меконг и Руак, како и три земји – Тајланд, Лаос и Мјанмар.