Иако асоцира на пролетта, цветниот принт е носив и ефектен во сите годишни сезони.
Нагласете ја вашата деликатност со парче цветен дизајн и комбинирајте ја со монохроматски моден додаток.
Не мора да се ограничувате на цветни фустани и кошули, во колекциите на модните брендови можете да најдете прекрасни капути “испрскани” со цвеќиња, како и чевли и торби украсени со цветни ливчиња.